За каква иднина учиме – Се разбуди еколошката свест кај младината

You must need to login..!

Опис

Охрабрувачки и надежно е тоа што се рабуди еколошката свест кај младината во земјава – вели активистот Антонио Јовановски од организацијата Go Green на линковското вклучување во емисијата Утрински брифинг.

Според Јовановски, средношколците успеаја да ја пренесат пораката дека свесноста и решенијата за подобра и почиста иднина потекнуваат токму од образованието.

Притисоците и заканите со кои се соочија дел од средношколците не се начин да се спречат среднопколците да го искажат својот став. Во однос на преземените мерки за намалување на загадувањето, Јовановски вели дека има уште многу работа и дека треба сите да почнеме да ги менуваме своите навики. За Утрински брифинг зборуваа и две ученички од гимназијата Никола Карев.

Велат дека нивниот активизам е добар начин да се покаже волјата на младината да се направат вистински промени за подобро утре. Ангела и Тамара ја истакнаа потребата од ослободување од притисокот на кои средношколците беа подложени во изминатиов период. Истакнаа дека во другите држави, нивните врсници ја имаат поддршката од професорите, а за жал, учениците од Никола Карев добија поддршка максимум од тројца професори во гимназијата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 2 =