Во недела услови за провејување на снег

You must need to login..!

Опис

Времето до крајот на денов ќе се задржи сончево со мала до умерена локална облачност, особено долж повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Утре ќе се задржи сончевото време со мала до умерена локална облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а во недела ќе има услови за локално провејување на снег, понекаде на пониските места ќе има услови и за слаби врнежи од дожд и снег.

За време на викендот, и тоа особено во недела, на повеќе места ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималните температури ќе бидат малку повисоки, особено утре и истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени. Пад на истите ќе има во недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени.

Најновите анализи за Божиќните празници укажуваат на тоа дека ќе имаме стабилно и суво време без никакви врнежи но ќе биде студено, особено наутро кога минималните температури понекаде ќе се спуштаат и до околу -10 степени, на повисоките и планинските места истите ќе се спуштаат и под-10 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 + eleven =