Јакимовски: Војната е длабоко вкоренета во природата на луѓето, но не е веројатна класична инвазија врз Украина
Пропагандата и украинската криза се директно поврзани, а се има впечаток дека воената опција се префрли на пропагандно поле.
-Русија има цел проект, „Активни мерки“, кој произведува директни дезинформации, а тоа е започнато уште во времето на КГБ и СССР, вели Виктор Јакимовски, експерт за комуникации, за Утрински брифинг.
Тој вели дека е многу интересен фактот што во Велика Британија во времето на Втората светска војна Џон Годфри создава прирачник како да се изведе проект за дезинформации, а негов помошник е Ијан Флеминг, авторот на „Џејмс Бонд“.
-Но, сега стратегијата на Русија сега е сеење на страв, а што се однесува до САД гледаме дека доларот расте по кренатите тензии околу Украина, вели Јакимовски за Утрински брифинг.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/02/IZJAVA-.03_08_15_06.Still1471-1024x576.jpg)
Русија освен војска има поставено и балистички проектили, па не станува збор само за гола пропаганда.
-Не верувам дека ќе се случи класичен типна инвазија со тенкови и слично, затоа што тоа е финансиски неисплатливо. Русија сега има доволно девизни резерви и не е врзана за доларот, па секакви санкции можат да издржат 3-5 години, но луѓето секако ќе страдаат, вели Јакимовски.
Другите големи земји ја потценија Русија, а дел од нив се занимаваа со сопствени проблеми додека кај други стануваше збор за его. Целата работа започна со влегувањето на Русија во Грузија, па оваа ситуација не е толку нова.
Војната е длабоко вкоренета во природата на луѓето. Само луѓето и мравките умеат да планираат воени стратегии.
-Не мислам дека НАТО ја преспа работата. Но, ситуацијата со НАТО ми е сосема парадоксална. Русија има барања од НАТО, но не разговара со тие 30 земји во НАТО туку само со САД. Разговорите со другите земји се сведуваат на економија, вели Јакимовски и додава дека не е возможно да се загрози интегритетот на некоја земја ако таа има волја да влезе во НАТО.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/02/IZJAVA-.03_07_55_24.Still1470-1024x576.jpg)
Јакимовски вели дека доколку се случи класичен тип на инвазија на Украина ќе се спушти железна завеса иако не мислам дека тоа ќе се случи. Русија не е тоа што беше, коментира Јакимовски и додава дека сега Русија си има сопствени проблеми. Во рускиот мајндсет е доктрината на Примаков – Русија да го задржи своето влијание во пост-советските држави кои се осамостоија.
Проследете го целиот разговор во видеото