Шиковска: Ромите треба да се интегрираат во големите партии за полесно да се изборат за своите права
Како да се смени перцепцијата дека ромската заедница е само инструмент во политичките пазарења е темата за која во Утрински брифинг разговаравме со пратеничката Љатифе Шиковска, од СДСМ.
-Денеска интерпарламентарната група ќе оди во посета на ромските маала. Оваа посета е дел од акцискиот план и не е поврзано со пописот, вели Шиковска.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/04/IZJAVA-.02_57_00_13.Still2273-1-1024x576.jpg)
Шиковска вели дека секој припадник од ромската заедница треба да се приклучува кон големите партии затоа што на тој начин се врши поголема инклузија и е полесно да се решаваат проблемите што со години ја мачат ромската заедница како што се образование, здравство, недискриминација и слично.
-За жал, по 30 години независна Македонија состојбата на Ромите сѐ уште е лоша, вработувањето на Ромите е ниско, во здравството имаме проблем со немање гинеколог во Шуто Оризари, вели Шиковска.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/04/IZJAVA-.02_53_54_20.Still2272-1-1024x576.jpg)
Таа вели дека ромските политички партии ако ги гледаат своите лични интереси состојбата на Ромите ќе остане иста. Шиковска вели дека ромските партии мора да се реформираат и да влезат нови, образовани млади сили бидејќи денес има Роми кои се факултетски образовани и магистри. Според неа, ромските политички партии се многу пасивни а има многу случувања. Тие треба да бараат системски колективни промени во ромската заедница, а тоа е секојдневна борба.
Целиот разговор погледнете го во видеото