??? СПЕЦИЈАЛНО ОД ЛВИВ | Атовска: Ако руските хиперсонични ракети удрат во населено место, нема да остане жив човек
Сѐ почести станаа алармите за засолнување во скривниците, по неколку пати во денот. Очигледно е дека се детектира поголема опасност на небото. Жителите на Лвив не чувствуваат толку страв, па некои и не одат во скривниците, вели Кристина Атовска, специјалната известувачка на Утрински брифинг и Слободен печат од Украина.
-Викендот беше мирно, но беа донесени големи политички одлуки. Сите телевизии ќе мора да се претворат во еден канал, сите ќе зрачат еден канал. Друга значајна одлука на Зеленски е стопирање на сите активности на опозицијата на што следуваше реакција од опозицијата која најави дека ќе се бори против таквиот декрет. Зеленски рече дека состојбата налага така и ја обвини опозицијата дека е поврзана со Русија. Освен тоа, Русија почна да употребува ново оружје испукано од море, како и хиперсонични ракети за уништување на подземни складишта штозначи дека ако ваков тип ракета удри во населено место нема да има преживеани цивили во скривниците.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/03/IZJAVA-.00_49_29_00.Still1988-1024x576.jpg)
Што се однесува до кордоите за извлекување, за викендот беа успешни, иако имаше и неколку кои мораа да сопрат. Според официјални информации во саботата ба извлечен 6500 а во неделата 7000 жители од загрозените градови. Полесно е да се извлчат луѓето отколку да се внесе храна и хуманитарна помо во погодените градови. Најтешко помина Мариупол каде има најмногу заглавени жители и тоа под земја.
Украинските власти велат дека довербата кон Зеленски е стоотстотна. Сите сакаат што побрзо да заврши оваа војна и поддржуваат преговори. Но, Русија им даде ултиматум на Украинците за предавање на Мариупол што беше одбиено. Така што, отсега натаму сѐ е можно, но желба за преговори има. Властите на Украина гледаат и кон западната јавност за помош.
Досега не се гледаше многу во јавноста освен преку повремени соопштенија, не излегуваат на прес конференции. Тие досега премолчено го поддржуваа Зеленски и имаа досега сенс дека државата е во воена состојба сѐ додека Зеленски вчера не го донесе декретот за забрана на работата на опозицијата.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/03/IZJAVA-.00_49_08_10.Still1987-1024x576.jpg)
Во студиото беше и колегата новинар и аналитичар за меѓународна политика Дејан Андоновиќ.
Целиот разговор погледнете го во видеото.