Петковски: Мора да бидеме солидарни, а нашите граѓани сакаат да донираат за стартапи
Постои иницијатива за соработка меѓу Општина Охрид и една невладина приватна фирма, Стелар солушнс, за обновување и пренамена на касарната во Охрид, која ја дели судбината на други касарни во Македонија.
-Повеќето касарни се доделени на општините од страна на Министерството за одбрана и се на добри локации. Охридската касарна е на прекрасна локација, а нашата иницијатива е во следните десет години од тоа место да се направи рекреативно-технолошки парк. Станува збор за локација за ИТ секторот чиишто производи лесно се извесуваат. Го одбравме името Касарна Хаб, вели Љупчо Петковски од организацијата Инохаб.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/03/IZJAVA-.04_15_44_24.Still1791-1024x576.jpg)
Охрид главно се третира како туристички центар. Но, ова е добар проект и е поддржан од Европската унија, вели за Утрински брифинг градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков. Предвидени се голф терени, спортски игралишта, трим патека, а што се однесува до технолошкиот дел има контакти со фирми од Израел и Чешка, вели градоначалникот.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/03/IZJAVA-.04_04_28_09.Still1790-1024x576.jpg)
-Има можности за соработка со централната власт, но засега нема потреба оти земјиштето е на општината, вели Пецаков. Пецаков додава дека за овој стартап центар се разговара и со локалните ИТ фирми и со Факултетот за информатика.
Ова е амбициозна идеја и мора да биде одржлива. Петковски вели дека добро е што уште на самиот почеток ќе се изработи стратегија за функционирање на центарот која треба да ја одобри градскиот совет.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/03/IZJAVA-.04_03_22_03.Still1789-1024x576.jpg)
Инохаб е мало здружение на граѓани кои ги реализираат своите идеи преку здружението. Најиновативниот дел на Инохаб е дигитализацијата и малите НВО-а преку апликација можат да се пријават и да аплицираат за донации.
-Македонците донираат, нашите граѓани донираат. За неколку дена се собрани над 5.000 евра за еден фандрејзер, вели Петковски кој додава дека постои простор за овој вид филантропија.