Дерала: Најголемиот број кривични дела во светот се извршени со балканско оружје
Оружјето секогаш е поврзано со криминалот, а особено со организираниот криминал од сите видови. Тоа е придружна алатка на сите организирани криминални групи во земјава и странство. Ако има голема пролиферација на оружје, таа земја не може да се смета за безбедна, вели за Утрински брифинг, Џабир Дерала од „Цивил“.
-Не знаеме и податоците не се систематски за тоа дали и колку расте бројот на парчиња оружје во земјата. Не постои едно депо во кое се чува запленетото оружје, туку се чува во регионални СВР, вели Дерала.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/02/IZJAVA-.04_31_55_09.Still1458-1024x576.jpg)
ЦИВИЛ денес со почеток во 13 часот организира онлајн настан на тема „Нелегалното оружје и организираниот криминал: Сè е поврзано“. Со ова, продолжува серијата онлајн настани под заеднички назив „Во фокусот“. На денешниот настан, „во фокусот“ на ЦИВИЛ ќе се најдат повеќе актуелни и исклучително важни аспекти на контролата на оружјето во земјата и во регионот. Фокусот ќе биде „изострен“ и на врската меѓу распространувањето на нелегалното оружје и организираниот криминал.
Минатата година, ЦИВИЛ го спроведе проектот „Минатото, сегашноста и иднината на контролата на оружјето во Северна Македонија“ кој донесе исклучително богата содржина со низа интервјуа од релевантни аналитичари, експерти и високи државни функционери. Проектот беше спроведен со поддршка од Глобалната иницијатива против транснационалниот организиран криминал и Резилиенс фонд.
Денешниот настан, кој се очекува да трае најмногу 60 минути, е одлична можност за пошироката публика да се запознае со резултатите од овој проект. А во меѓувреме…
Проследете го целиот разговор во видеото