Галевски: Факт е дека филмската уметност изродила брилијантни филмови на тема војување
-Откако се знае светот војува. Секој век и деценија има понекој конфликт и тоа во историјата е забележано, но забележано е и во историјат ана филмот. Морам да кажам дека постојат неколку поджанрови во воениот филм, изјави за Утрински брифинг Влатко Галевски, филмски критичар и рецензент.
-Постои документарен филм за војната, постои фикција. Еден „Рамбо“ е воен филм. Постои пропаганден филм.
![](https://slobodenpecat.tv/wp-content/uploads/2022/03/IZJAVA-.04_36_56_09.Still1971-1024x576.jpg)
-Но факт е дека воениот филм е голем предмет на истражувања во филмската индустрија и дека таа индустрија, односно филмската уметност изродила брилијантни филмови на тема војување, додава Галевски.
-Има една изрека која вели дека ако „Ловецот на елени“ и „Апокалипса“ му врзаа на светот шлаканица, тогаш „Вод“ удри во плексусот.
Целиот разговор погледнете го во видеото