Утрински брифинг: Трамп и Путин заедно против тероризмот – Црногорската црква без амин за автокефалност

You must need to login..!

Опис

Руските безбедносни сили спречиле обид за терористички напад во неколку градови во Русија, меѓу кои и Санкт Петерсбург. Дојавата за евентуални напади ја добил претседателот Путин лично од Доналд Трамп. По спречувањето за обидите за напади Путин лично му се заблагодарил на претседателот Трамп. Ова претставува своевидна секојдневна соработка меѓу двете суперсили кои се ривали во глобалната политика, но може да претставува и вовед во претседателската кампања на Трамп и изборите во Русија за да се прикаже политиката на Москва и Вашингтон во некоја друга насока, вели за Утрински брифинг Дејан Андоновиќ.

Во вториот дел од анализата актуелните случувања во Црна Гора поради стапување во сила на контроверзниот закон за верските слободи во Црна Гора и обвинувањата на СПЦ дека со овој закон сака да се одземе имотот на црквата и да се додели на непризнаената црногорска православна црква. Како дополнителна тензија дојде и ставот на вселенската патријаршија и нејзиниот патријарх Бартоломеј кој посочи дека црногорска православна црква не може да постои и дека црковниот имот е дел од српската православна црква, рече за Утрински брифинг Андоновиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × 1 =