Цаноски за УБ: Се надеваат дека ќе се врати „Сваровски судството“ и ќе се спасат за „Космос“

You must need to login..!

Опис

Предолго се одложуваат рочиштата за случајот „ТНТ“. Од околу 25 рочишта во последните две години, десетина беа одложени, веројатно се надеваат дека ВМРО ќе добие и ќе се спасат преку „Сваровски судството“, изјави за „Утрински брифинг“, Фијат Цаноски, сопственик на урнатиот комплекс Космос.

„Се служат со сите механизми за да го одложат овој случај. Се надеваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие на следните избори и ќе профункционира „Сваровски судството“ и дека ќе се спасат од делата што ги направиле минатите години. Но јас сум оптимист и верувам дека правдата ќе дојде без разлика дали ќе се заврши или ќе се повтори протестот“, изјави Цаноски.

Рече дека не му е до финансиите по евентуалната судска развршница како оштетен, туку сака да докаже дека објектот „Космос“ не го градел на диво туку со дозвола.

„Ова е диреткна наредба на Груевски кој се пресметуваше со своите неистомисленици“, потенцираше Цаноски.

Утрово случајот „ТНТ“ продолжи во судница, откако вчера не се одржа поради претепувањето на обвинетиот, поранешен градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски. За да го обезбеди присуството на рочиштето, судијата Огнене Ставрев побара Трајковски денеска да биде стражарно донесен во судот.

Судењето за уривањето на комплексот Космос се одвива со забрзано темпо затоа што, според одбраната, им истекнува мандатот на двете поротнички заради навршување на 60 години, што би значело дека доколку не се донесе пресуда предметот би почнал одново.

Во предметот „ТНТ“, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Обвинителниот акт на СЈО посочува дека со уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза.

Случајот се наоѓа во доказна постапка, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од СЈО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × 1 =