🎥📞 Tie Dye, македонска игра која за кратко време има над 10.000.000 преземања

You must need to login..!

Опис

Македонското студио за игри „Furious Avocado“ неодамна ја издаде својата прва игра за мобилни уреди „Tie Dye“, која само за една недела има над 3 милиони преземања. Станува збор за DIY (do it yourself) Hyper Casual игра, односно игра која треба да биде доста едноставна, супер-забавна и екстремно лесно разбирлива за да допре до широка публика.

Во дизајнирањето и развивањето на играта учествуваат Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михаилов, Бобан Стојчевски, Јован Матовски и Наум Михајловски. Играта е објавена е од нивниот парнерт „Crazy Labs“, индустриски гигант и популарен издавач на Hyper Casual игри, базиран во Израел.

„Пред шест месеци, заедно со другарите и неверојатни професионалци Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михајлов и Бобан Стојчевски, тргнавме во авантура наречена „Furious Avocado“ – наше гејминг-студио кое долго време беше наш сон. Во оваа авантура не бевме сами. Од самиот старт на наша страна ги имавме CrazyLabs, еден од најдобрите издавачи на мобилни игри во светот. Шест месеци подоцна еве нè со нашата прва игра Tie Dye – број 1 во светот во првата недела од објавување со повеќе од 3 милиони симнувања само на iOS“, напиша на својот фејсбук-профил Наум Михајловски, еден од креаторите на оваа игра.

Токму Михајловски во Утрински брифинг изјави дека како професионалци веќе подолго време се дел од оваа гејминг индустрија, односно Tiy dye е направена од луѓе од светски калибар.

-Оваа е игра е од сегментот на игри кои треба да стигнат до пошироката публика. Играта бара само пет секунди за да ви го привлече вниманието. До сега имаме над 10.000.000 симнувања на apple платформата, вели Михајловски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =