Спасовски за УБ: Не е зголемен криминалот, туку транспарентноста на МВР

You must need to login..!

Опис

Крупните криминални гонења се должат на активноста на службите, а одекот во јавност се должи на нашата заложба да бидеме транспаренти. На прашањето дали ескалираат насилството и тешкиот криминал, Спасовски истакна дека оваа година има намалување на криминалот во споредба со 2018 година.

Го повтори ставот дека и покрај советите од страна на дел од службениците да не дава многу информации, тој се залага за максимална транспарентност.

Околу последната афера како и зошто МВР три дена молчеше за најновата афера со шверцот на кокаин, Спасовски со одговор дека се работи за голема меѓународна акција, а вчера на пресконференцијата беа објавени потврдени заеднички информации.

На прашањето зошто се дозволи актерката која е осомничена во аферата да биде снимана со камера додека нејзиниот сопругот беше спроведен без јавност, Спасовски ја префрла одговорноста кај Обвинителство.

„Тоа треба да го прашате Обвинителството“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + two =