Шекеринска за УБ: Не ја елиминираме опасноста од радикализирани структури – спремни сме веднаш да реагираме

You must need to login..!

Опис

– Најголем дел од земјите не ги повлекоа војниците. Само ги преместија од Ирак во Кувајт, со план дека тоа е само времено. Мисијата во Ирак е важна мисија, но таа не е борбена. По нападот и убиството на иранскиот генерал имаше дебата и во нивниот парламент. Присуството на НАТО во целиот регион е резултат на кризата.

Во тој регион сме присутни повеќе од 18 години. Во Ирак во моментов немаме ниту еден војник или старешина. Сепак не се далеку нашите припадници кои вообичаено ротираат, над 40 војници во Авгнаистан и тројца во Либан. Информацијата за смирување на тенизиите во регионот сепак ја проследивме со олеснување.

– При напуштање на државата немаме систем во кој се регистрираат граѓаните. Но одредени бројки, односно околу 1000 луѓе циркулираат. Цивил кој работел на логистика во Авганистан е последната жртва која била од Македонија а во тој регион.

– Нашите дипломатски односи со Иран се многу скромни. Но не се толку комплицирани како нивното отворено прашање со Албанија. Во овој момент нема причини за загриженост од присуството на невладини организации поврзани со Иран, во овој момент Македонија не им е точка на интерес.

– Никогаш не смеееме да ја елиминираме опасноста од радикализирани исламистички структури кои се враќаат од тамошните фронтови. И Македонија и целиов регион, светот живее со опасноста од тероризам. Ако во еден момент помислите дека тоа им се случува на некои други ќе се разбудите шокирани и непријатно изненадени, бидејќи светот живее под притисок од тероризмот. Кај нас е специфично бидејќи сме поблиску и поради овие присуства и влијанија во целиот регион. Затоа и работиме на програми на ресоцијализација и менаџирње на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следии се реагира секој пат кога постои било каква опасност, изјави во Утрински брифинг, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 13 =