Села: Му наредувам на ДУИ да престане да ги дели Албанците!

You must need to login..!

Опис

ДУИ работи за да ги подели Албанците. Му наредувам да не го прави тоа! Јас треба да се однесувам одговорно. Ние ќе соработуваме со таа политичка партија која ќе ги прифати нашите барања – вели лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села. Време е да се разбие монизмот од владеењето на ДУИ и во преден план да се стават интересите на граѓаните, средувањето на правната држава и да се избориме со криминалот.

Тој рече и дека не верува во реформа на судството со ДУИ внатре. Требаше порано да има предвремени избори. Битката со криминалот се води преку чистка на правосудскиот систем. Ако не одговараат тие што ги давале наредбите ќе остане неправдата и ги прави гласачите апатични и им ја губи желбата да излезаат да гласаат.

-Заинтересирани сме да имаме предизборна коалиција со БЕСА. сме имале две средби со Касами но зависи.

Сакам да ја бетонирам победата. Луѓето се разочарани и затоа младите бегаат, изјави во Утрински Брифинг, претседателт Алијансата на Албанцит, Зијадин Села.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 1 =