Ристовски за УБ: Тешко дека новиот Закон за јавно обвинителство ќе биде донесен наскоро

You must need to login..!

Опис

Актуелната или техничката влада има мандат да го повлече постоечкиот закон за јавно обвинителство. Но се уште нема 80 пратеници во Собранието кои ќе го изгласаат новиот текст на законот кој е сличен со претходниот.

И понатаму остануваат непоместливи разликите помеѓу партиите за првите луѓе во надлежните министерства, изјави за „Утрински брифинг“, заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.

„Се сомневам дека опозициските пратеници ќе го гласаат овој закон.

Клучот е во начинот на избор на првиот човек на Обвинителството и првиот човек на Обвинителството за организиран криминал. Во моментов таму седат Љубомир Јовески и Вилма Русковска.

Нивниот мандат тече и ние не смееме „на сила“ да го прекинеме нивниот мандат.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ е по 30 дена од стапување на законот на сила да предложат свој претставник“, објасни Ристовски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen + five =