Ристевски во Утрински брифинг: Ќе им помогнеме на извршителите да ги затворат и никогаш да не ги отворат канцелариите

You must need to login..!

Опис

Иако е најавен штрајк и своевиден протест на извршителите, локација и време за такво нешто нема. Од иницијативата „СТОП за извршителите“, велат изненадени се од реакцијата извршителите да штрајкуваат.

„Изненадени сме од нивниот штрајк. Сепак, ја поздравуваме нивната акција за затворање на канцелариите, ќе им излеземе во пресрет ќе им помогнеме да ги затворат и никогаш да не ги отворат“, изјави во Утрински брифинг, Маријан Ристески, активист за изменување на работата на извршителите.

Околу тоа какви се апсурдни бројките на долгови, Ристески потенцираше дека постојат најнереални долгови по основ на камата.

„Слушаме бројки што не ни се за верување. За 1000 денари долг имаме долгови за извршување од 30.000 денари по основ на камата. Се надеваме дека ќе се стави крај на овој грабеж. Извршителите се најголемото зло во оваа држава. Сами кажуваат дека народот нема пари да плати и покрај тоа, а пак го оптеретуваат граѓанинот со дополнителни трошоци“, дополни Ристески.

Воедно во студиото на „Утрински брифинг“, рече дека по Нова Година, доколку нема промени во начинот на работа на извршителите, ќе организираат масовни протести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × two =