Попоски: Стабилно, суво и сончево време

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов, како и во следните неколку денови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува сончево и стабилно време, повремено ќе има појава на мала до умерена локална облачност.

Ветерот кој го имавме со денови ќе ја намали својата брзина понатаму. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено наутро. Минималните температури на воздухот и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат под нулата, понекаде истите ќе се спуштаат и до околу -10 степени. Максималните дневни пак температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од 4 до 10, 11 степени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − 2 =