Петровска за УБ: Најголем дел од предметите на СЈО одложени поради лекарски уверенија на обвинетите

You must need to login..!

Опис

Реформскиот процес на кој сите се надевавме минатата година, многу бавно се движи. Тоа беше клучната пресвртница и за иднината на предметите на СЈО кои се во разни фази во рамки на судење, вели во Утрински брифинг, меѓу другото, Натали Петровска, од Коалицијата Сите за правично судење.


А откако застаре делото „Траекторија“ и поранешниот премиер Груевски се спаси од одговорност по овој предмет, Петровска потенцира дека таква опасност му претстои и на предметот познат во јавноста како „Шамарите во Центар“.


„Имајќи во предвид дека кривичните дела за кои се обвинети лицата, за нив се предвидени повисоки казни затвор, освен за „Шамарите во Центар“. Побрзо е предвидено да настапи рокот на застареност за ова дело, некаде 2021 година“, изјави таа.


Околу тоа зошто бавно се решаваат предметите на СЈО, многу фактори се во прашање. Гледаме одолговлекувања од одбраната, од обвинетите, како и несоодветни менаџирања од Судот при овие предмети, со поклопување на судските совети.


Но клучното влијание, според Петровска, го имаат обемните докази за предметите.


„Се работи за илјадници материјални докази, стотици сведоци и знаете, една година е релативно малку време за подготовка на сите тие случаи. Сите чинители во судските постапки си имаат свој товар. Имаше период повеќе од половина година кога се формираше и функционираше СЈО, мора да го имаме в предвид. Народот има кратка меморија, но не можеме да го негираме фактот дека СЈО пола година не можеше да функционира поради опструкции. Се работи за финансиски истраги и криминал за што беше потребно време да се заврши“, напоемнува таа.


Во многу од предметите кои се одложени, статистички, најчести причини за одлагања на предметите, според анализата на Коалицијата Сите за правично судење, се лекарските белешки кои утврдуваат лекарски проблеми кај обвинетите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 − three =