Неизвесни претседателски избори во Хрватска. Ликвидиран архитектот на војната во Сирија, вториот човек на Иран, генерал Сулејмани.

You must need to login..!

Опис

Од полноќ стапува на сила предизборниот молк во пресрет на претседателските избори во недела. Вечерва двајцата кандидати за последен пат ќе се соочат во обид да придобијат што повеќе гласови за изборите во недела. Анкетите укажуваат на тесен изборен резултат и победникот веројатно ќе има разлика на ниво на статистичка грешка. Особен проблем предизвикува повикот на третопласираниот Шкоро, кој иако се очекуваше не ги повика своите десноориентирани гласачи да ја дадат поддршката за ХДЗ и Колинда Грабар Ќитаровиќ. Ако првиот круг покаже дека Хрватска е деснооориентирана со длабока поделба во десното гласачко тело, вториот круг би можел да покаже дека и покрај идеолошките разлики гласачите можат да дадат поддршка за левичарите на Милановиќ кој се смета за постабилен кандидат. Втората тема на УБ е ликвидацијата на генералот Касем Сулејмани, архитектот на војните во Ирак, Сирија и Либан. Утринава тој беше ликвидиран од страна на американската армија. Иран се закани со одмазднички напади кон САД, а ликвидацијата на вториот човек на Иран, генерал Сулејмани, се заканува да прерасне во поголем вооружен судир на Блискиот исток.

Следува анализата на новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × five =