Наде Молеровиќ: Какви наставници сакате да ги учат вашите деца? Мора да направиме критички граѓани

You must need to login..!

Опис

„Го работам тоа што сакам, тоа ме прави среќна и исполнета“ – вели директорката на ОУ Гоце Делчев и мотивациски говорник Наде Молеровиќ во своето гостување во Утрински брифинг.

На секојдневните грижи одговарам со насмевка и постојано барам работи кои можам да ги променам и да ги направам подобри. „Не правам било што, само она што го сакам“.

„Тренинг е да не се нервирате, секако ме допираат несреќи и страдања, но ако можам нешто да променам го правам тоа“.

„Нашето образование не ги следи модерните трендови во тоа како да им се помогне на младите да ги читаат и прифаќаат информациите, што е она што треба да го резонираат и на кој начин да го пренесат тоа што го прочитале. Има некакви активности како деновите на медиумска писменост, но тоа не е доволно. Ние мора да направиме критички граѓани“.

„Мислам дека за жал училиштата ја немаат повеќе онаа функција за која биле наменети во 19 и 20 век, затоа гледам да менувам што е можно повеќе.

Не ги учам децата на непотребните информации кои само се меморизираат бидејќи децата ги подготвуваме за еден свет, во кои таквите информации не само што нема да им користат, туку може и да им штетат бидејќи не ги научиле на основата“.

Протестот на средношколците го оцени како добра работа и будење на свеста на младите, бидејќи според Молеровиќ, токму такви карактерни особини треба да имаат младите на таа возраст.

„Тажно е што дел од децата тоа го искористија само за да не одат во школо“. Во образованието треба многу да се менува, а за да предизвикам емпатија кај моите наставници им го поставувам прашањето: Какви наставници сакате да ги учат вашите деца?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + fourteen =