Moџо Килингтон: Основата на политичката критика е полесна преку социјалните мрежи

You must need to login..!

Опис

Новата книга на авторот Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, „Уништување“, беше промовирана во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, а ја ја промовираше уредничката Татјана Димовска-Атанасова.

Романот „Уништување“ е дел од едицијата „Во еден здив“. Станува збор за трета книга на Моџо Килингтон, по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“ (2020), двата во издание на „Арс Ламина“.

-Најпрво сум сценарист, писател…Основата на политичката критика е полесна преку социјалните мрежи, отколку озбилна критика од 7-8 страни.

-Моџо Килингтон излезе од Твитер, а таму беа под псевдоними луѓето. Мијалков и Груевски беа на власт тогаш и многу полесно беше под псевдоним да пишуваш тогаш, вели Божиновски.

-Книгата „Уништување“ беше готова пред година и пол, заради пандемијата се одложуваше и сега планирам да напишам нова.

-Во „Преспав“ сум бидејќи претходно се знаев со еден од главните продуценти, Пеце, и од таму почна соработката. Читајќи и гледајќи оваа година „Преспав“ е на некое ниво повеќе од претходните.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen − 4 =