Многубројни „каревци“ свират во познати бендови

You must need to login..!

Опис

Гимназијата „Никола Карев“ ги промовираше училницата за проби и новите музички инструменти наменети за наставни активности, кои ќе бидат достапни и за младите кои не се ученици на ова средно училиште.

Музичките инструменти се купени во рамки на проект финансиран од Програмата за финансирање програми и проекти на млади на Град Скопје за 2019 година, а реализиран од Центарот за креативно живеење парк и Арт хаус Карев.

Многубројни „каревци“ свират во познатите бендови Визија, Pluto’s Doubts, Астероид, Culture Development, Black and Vice Social Club, 101, Freak Unique, Black Pool и други.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eight + eighteen =