Мазнева: Со зголемена свест и казнена политика до отстранување на пластичните кеси

You must need to login..!

Опис

Развивањето на колективната свест е клучниот сегмент за намалување на употребата на пластичните кеси, но секако измените во Законот за управување со отпад и во согласност со Законот за прекршоци ќе биде предвидена и казнена политика, вели за „Утрински брифинг“, Ана Мазнева, раководител при секторот за управување со отпад во МЖСПП.

Ако се усвојат измените, од 1.јануари 2021 година кесите во Македонија ќе чинат 10 денари.

Но дека е прашање на свеста, Мазнева посочува на примерите во Европската Унија, конкретно во Велика Британија каде пластичните кеси чинат и помалку во однос на животниот стандард во Македонија, а граѓаните сепак ги одбиваат.

„Се води суштинска дебата. Секоја забрана или прекин ќе има ефект врз одредена бизнис група. Но затоа и законите не се во ефект веднаш, им се дава период на прилагодување, за да може и бизнисот да се прилагоди за нови производи кои ќе бидат еколошки прифатливи. Секако дека се предвидени и казнени одредби. Имаме забелешки (во Законот) се уште. Тие се врзани со Законот за прекршоци“, вели Мазнева.

Годишно на пазарот во Македонија се пуштаат меѓу 120 и 150 милиони пластични кеси кои завршуваат како отпад. Тоа е од 2 до 3 отсто од вкупниот отпад од пакување, но волуменски е многу.

Се проценува дека на светско ниво се користат од една до пет милијарди пластични кеси годишно. Или визуелно тоа би било површина поголема од една Франција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × four =