🎥📞 Литература.мк Superstore – Скопје ја добива најголемата книжарница во Македонија!

You must need to login..!

Опис

Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која е со површина од 500 м², свечено ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во соработка со „Скопје сити мол“.

Во чест на отворањето на Literatura.mk Superstore концерт ќе одржи ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО. Ексклузивниот настап на македонскиот гитарски виртуоз, придружуван од неговиот син Јан Стефановски и младиот басист Иван Кукиќ, ќе може да се проследи онлајн, преку фејсбук-профилот и јутјуб-каналот на „Литература.мк“.

Новата суперпродавница на „Литература.мк“ е дел од големиот двегодишен проект на „Скопје сити мол“, кој започна во октомври 2019, сè со цел збогатување на содржините и подобрување на понудата што им ја нуди на своите посетители.

Книжарницата, која има богата понуда на книги за сите генерации на неколку јазици, програма за подароци, канцелариска и училишна опрема, играчки и кафе-бар, е сместена на вториот кат на „Скопје сити мол“, на местото на некогашната игротека, на неколку метри од досегашниот продажен простор на „Литература.мк“.

Во новиот продажен простор „Литература.мк“ ги носи светските книжарски трендови, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. Како и останатите книжарници „Литература.мк“, така и новата суперпродавница ќе ја збогати понудата на македонската книжевна сцена со најбараните светски и домашни наслови од „Арс Ламина“ и останатите издавачки куќи кај нас. Ќе биде застапен голем избор од белетристиката, книжевноста за деца и стручната литература, на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик, изјави за Утрински брифинг Бранка Бугариска Арс Ламина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × four =