„Le Monde Diplomatique” нешто што е стварно квалитетно и вреди да се чита, разговор со Сергеј Зафировски

You must need to login..!

Опис

„Le Monde Diplomatique” ја комбинира отвореноста кон интернационалните прашања преку критичка анализа на сегменти кои што најчесто се изоставени од медиумите: идеологијата и глобалното функционирање на капитализмот, еколошките и социјалните последици од слободната трговија, опасноста од „судирот на цивилизации”, позадината на воените сојузи, потребните утопии и потенцијалните нови форми на демократија во ера на значајни гео-политички поместувања.

Факт е дека македонскиот медиумски простор е пребукиран од лажни вести и реално недостасува нешто од рангот на „Le Monde“. „Le Monde Diplomatique” е еден од најценетите магазин кој е наменет за публика која што има интерес за специфични гео-политички анализи и различен поглед на светските трендови и движења. Пишува и Ноам Чомски еден од најголемит екритичари на западниот свет. Ова е една многу голема моќност за домашни автори да излезат и да го искажат своето мислење но на еден ставено уникатен начин. Ние се надевам дека со овој весник ќе допреме допреме до една публика која е доста помала во Македониа, но е заинтересирана да прочита нешто што е поквалитеттно и поразлично што во моментов се прикажува во македонскиот етер, изјави во Утрински брифинг Сергеј Зафироски, извршен менаџер на СИМУЛАКРУМ која е сестринска фирма на истражувачката агенција ИНСАЈДЕР ИД.

-Финансискиот интерес не е тоа што ни е примарно. Примарниот интерес ни е да донесеме нешто што е стварно квалитетно и нешто што вреди да се прочита.

Целиот разговор со Зафировски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one × five =