Колариќ: Зарем Луна парк е приоритет кога нема канализација и водоводна мрежа во Скопје

You must need to login..!

Опис

Советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје, Светлана Колариќ, вели од поднесени 70 амандмани, Шилегов и коалицијата не им прифатиле ниту еден при расправата за Буџетот за 2020 година, а како најважен го истакна 4та фаза од реконструкцијата на булеварот „Борис Трајковски“, во насока Пинтија-Драчево.

Во однос на придобивките кои неодамна ги истакна Шилегов од овој Буџет, како што е изградбата на Луна парк, Колариќ упати прашање до скопскиот градоначалник:

„Само за реквизити преу предложението буџет се предвидени 120 милиони денари. Дали на граѓаните кои имаат проблем со канализација и водоводна мрежа во Скопје, потребен им е забавен парк?“.

Основниот буџет на Град Скопје за 2020 година ќе биде 75 милиони евра. Вкупниот буџет околу 120 милиони евра, 12% повеќе во однос на 2019.

Градоначалникот Шилегов потенцираше дека изградбата на Луна парк, на нова Универзална сала, одржување на кејот на реката Вардар, изградба на велосипедски патеки и урбана опрема на скопското кале, се помеѓу повеќето значајни проекти од овој Буџет.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − four =