Кочоска: Скопје е опасно за лицата со попреченост во празничниот метеж

You must need to login..!

Опис

За време на празниците, Скопје е опасно за лицата со посебни потреби – вели Елена Кочоска од Полио Плус во Утрински брифинг. Движењето во шопинг центрите и на јавните манифестации е дополнително отежнато поради големиот метеж. Свеста е подигната во последниве години, но сепак не доволно за да кажеме дека лицата со посебни потреби можат непречено да се движат.

Кочоска вели дека мора да се направат големи промени за да се олесни движењето, тоа мора да почне од институциите, но и бизнис заедницата мора да има во предвид дека и лица со одредена попреченост се конзументи и им е потребен пристап до сите шопинг центри.

Критики кон транспортниот инспекторат упати Кочоска бидејќи, според неа, не си ја врши добро работата и не реагира кога се прават улици или згради без адекватни рампи. За да се промени општата состојба, потребно е инспекторатот да казнува и корегира во почетна фаза на градба за конечно градот да се приспособи и за лицата со попреченост.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − two =