Кичевски: ПОЦ во чекор со светките стандарди

You must need to login..!

Опис

– Одржувањето на јавната чистота преку селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е од големо значење за обезбедување на здрава и чиста животна средина во општината. Затоа, ЈП ПОЦ и Општина Центар во 2020 година ќе го воведат светскиот тренд во рециклирањето – повратни вендинг машини за пластични и стаклени шишиња со цел да ги мотивираат жителите да се вклучат во овој процес. До крајот на 2020 година ќе бидат поставени 27 повратни вендинг машини кои локациски ќе бидат распределени низ целата територија на општина Центар.

„Веќе се набавени 9 машини од планираните 27 и ќе започнеме со нивно поставување на почетокот на месец март. На овој проект работиме повеќе од една година и сметам дека ќе има големо влијание не само на развојот на нашето претпријатие, туку и за подигање на свеста кај граѓаните од потребата за рециклирање.
ПОЦ се дигитализираат. Сите жители кои ќе се вклучат во процесот на селективно одложување отпад ќе добијат субвенции од општината во замена за пластични и стаклени шишиња односно за секое шише ќе добијат одреден прилив на пари на новата платежна картичка „Green Pay Card“ со која ќе имаат можност да купуваат со попуст во одредени маркети, продавници, локали и сл, или да плаќаат за услугите кои ги нуди претпријатието.

– Исто така до крајот на летото ќе се направи монтажна гаража со капацитет од 330 паркинг места во Дебар маало, изјаво во Утрински брифинг Васко Кичевски, директор на Паркинзи општина Центар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 4 =