Изгубени семејства меѓу „чеканот и наковалната“

You must need to login..!

Опис

Лавиринтите на системот на свој грб веќе 20 години ги чувствува семејството Шаќири.

Новинарката Менче Точи за Утрински брифинг ја раскажа приказната која новатв.мк деновиве ја актуелизира.

Имено, во државата има 213 бегалци Роми дојдени за време на кризата во Косово кои веќе 20 години се заглавени во системот. Тие со години се обидуваат да се интегрираат во општеството, но велат, дека тоа оди тешко бидејќи се соочуваат со проблеми во однос на здравствениот систем, социјалата, со дискриминација.

Едно од нив е семејството на Мусли Шаќири кои имаат признаен статус на бегалци. Откако неговата сопруга се разболела, тие во последните месеци поминуваат низ голгота, одејќи од врата до врата низ лавиринтите на здравствениот систем.

Иако им следува здравствена заштита како и на сите граѓани, во пракса наидуваат на многу проблеми. Велат дека се случува со месеци да немаат здравствено осигурување поради одредени пречки во системот.

Сторијата може да ја следите на новатв.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 + three =