Јовановиќ: Растот на платите мора да продолжи – перверзен е податокот дека македонските компании се најпрофитаблни во Европа

You must need to login..!

Опис

Извештајот на ММФ е дека порастост на бруто општествениот производ ќе биде 3,4 проценти. Ова е за 0,2 насто помалку од претпоставените 3.6%.

Дали покачувањето на пензиите и платите е критички обсервирано, заради ригидноста на ММФ кон водење една проактивна макрофинансиска политика? Дали заради можноста од дефицит во буџетот и платниот биланс.

Владата пред година и пол направи пензиска реформа и формула за зголемување на пензиите секоја година

проф. Бранимир Јовановиќ за Утрински брифинг

Растот на пензиите може да се објасни со она стандардно гледање на ММФ.

Знаете дека (ММФ) IMF на шала го нарекуваат It’s Mostly Fiscal. За нив растот на пензиите предизвикува зголемени фискални трошења и продлабочување на фискалниот дефицит.

Затоа ММФ се противи на тоа. Од таму секогаш бараат некој балансиран дефицит. Мојот став за пензиите и ад хок зголемувањето е дека не беше потребно. Владата пред година и пол направи пензиска реформа и формула за зголемување на пензиите секоја година. Но во очи на изборите ова од гледна точка на политичката економија е разбирливо.

Економскиот аналитичар и професор Бранимир Јовановиќ со Александар Чомовски во Утрински брифинг

Што се однесува до платите доаѓа до израз конзервативноста на ММФ. Растото на минималната плата беше најдоброто нешто што го направи оваа Влада. Сега минималната плата изнесува 14.500 денари, а во владината програма за 2020 е наведено дека 16.000 денари.

ММФ вели дека не треба премногу да расте минималната плата, односно онолку колку што расте продуктивноста на работниците. Но забораваат дека во целата приказна има и една друга компонента. Тоа е профитабилноста на фирмите. Македонските фирми се најпрофитабилни во Европа.

проф. Бранимир Јовановиќ

Прашање што секој може да си го постави е дали може да се живее со 14.5000 денари месечно?

Она што ММФ го греши во нивната анализа е дека профитабилноста на компаниите е многу висока. ММФ вели дека не треба премногу да расте минималната плата, односно онолку колку што расте продуктивноста на работниците. Но забораваат дека во целата приказна има и една друга компонента. Тоа е профитабилноста на фирмите. Македонските фирми се најпрофитабилни во Европа.

Профитите на компаниите во оваа држава се повисоки од платите на работниците. Tоа е една перверзна ситуација која не им годи на никого освен на мал број на луѓе што ги поседуваат тие фирми.

Минималната и сите останати плати треба да растат се додека не се постигне некоја поправедна дистрибуција во тој поглед.

Ако ги погледнете официјалните податоци просечната плата во последниве три години е зголемена за скоро 3.000 денари.

Ова значи дека дел од профитите на компаниите е редистрибуиран кај работниците, изјави за Утрински брифинг, универзитетскиот професор и економски аналитичар, Бранимир Јовановиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + nineteen =