Андоновиќ: Планот за Блискиот Исток на Трамп иницијална каписла за нов конфликт помеѓу Евреите и Арапите

You must need to login..!

Опис
Мировниот договор на Трамп им дава историска шанса на Палестинците да добијат своја држава. Со ова би се решил повеќедеценскиот спор меѓу Израел и Палестина. Трамп предвидува главен град на идната палестинска држава да биде Источен Ерусалим и тие да добијат 50 милијарди долари помош за новата држава. За возврат тој побара запирање на терористичките напади и омразата кон Израел.

Очекувано израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го поздрави мировниот план за Блискиот Исток на американскиот претседател Доналд Трамп. Го оцени го како „исклучителен“ и дека претставува „реален пат кон траен мир“.

Тој го нарече историски и исцртување на светлата иднина на Израел.

Нетанјаху го спореди планот со историската одлуката на поранешниот американски претседател Хари Труман од 1948 година за признавање на израелската држава. Но, не пропушти да потенцира дека со него се враќа израелскиот суверенитет над подрачјата во Јудеја и Самарија, библиски имиња за Газа и Западниот Брег кои се клучни за еврејското наследство.

Токму оваа изјава на Нетанјаху претставува голема провокација за Арапите што можеа да ги подигне тензиите и да го наруши и онака тенкото примирје кое владее, смета новинарот Дејан Андоновиќ за Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.

Новинарот Андоновиќ го анализира мировниот договор на Трамп за Израел и Палестина и каква реакција тој повлече на меѓународната сцена

Како дополнителна провокација во планот на Трамп е и светиот град Ерусалим, кој предвидува тој да биде само израелски. Главниот град на идната палестинска држава би бил лоциран во приградската населба Абу Дис.

Ова практично значи Палестинците да се откажат од светиот Ерусалим. Овој предлог предизвика жестоки реакции особено меѓу муслиманите кои не се согласуваат да го препуштат Ерусалим на Евреите.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток претставува „завера“. Нему и на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им порача дека Палестинците и нивните права „не се на продажба“.

Андоновиќ: Нетанјаху го спореди планот на Трамп со историската одлуката на поранешниот американски претседател Хари Труман од 1948 година за признавање на израелската држава

Абас реагираше откако Трамп го објави планот што предвидува создавање палестинска држава со престолнина во Источен Ерусалим. Од Палестинците се бара да ги прифатат условите кои претходно не беа подготвени да ги разгледуваат, како што е опстанокот на еврејските населби на Западниот брег.

Иран оцени дека се работи за предавство на столетието. За нив единствено решение е Палестинците да излезат на референдум и да се произнесат за својата иднина.

Турција го отфрли мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. Сметаат дека е обид за анексија и кражба на палестинска земја. Од таму се отфрла изјавата на Трамп за Ерусалим како неделива престолнина на Израел. Порачуваат дека Ерусалим е „црвената линија“.

„Американскиот таканаречен мировен план е мртвороден. Палестинскиот народ и нивната земја не можат да се купат со пари”, изјавија од Турција.

Анкара, исто така, порача дека нема да поддржи никаков план што не го прифаќаат Палестиниците. Велат дека „на Блискиот Исток нема мир без завршување на окупацијата”.

ОН и ЕУ се воздржаа околу планот на Трамп, а Москва не коментира додека не ја види содржината на договорот.

Судејќи според реакциите овој план на Трамп е однапред осуден на неуспех. Истиот доаѓа во серијата на обидите на Трамп по Северна Кореја, Либија и Косово, да се обиде во пресрет на изборната кампања во САД да го подигне личниот рејтинг и да добие дополнителни поени во американското гласачко тело.

Во секој случај сите потези кои Трамп ги прави во корист на Израелците само укажува дека главната поддршка за американските избори ја гледа во еврејското лоби во САД.

Првиот човек на САД очекува од нив да добие поддршка за неговиот втор претседателски мандат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 4 =