Хаџи Мишев за УБ: Гасот полека излегува од игра, светот се врти кон енергетско обновливите извори

You must need to login..!

Опис

Конвенционалните извори на енргија станаа проблематични и целиот енергетски свет се обидува тој вид на енергија да се намалува. Никој не знае дали после 10 години колку ќе се користи нафтата, колку и дали после десет години ќе се користи гасот. За јагленот е уште сега јасно дека мора да се тргне, меѓутоа најразвиените и најмоќни држави во светот, од Кина до САД, производтствот на електрична енергија од јаглен им е над 45%. Може да замислите колку е тоа во БДП на тие држави и вие одеднаш треба да кажете нема да правам струја од јаглен како енергент нема да биде погоден за домаќинствата“, изјави директорот на „Топлификација“ и експерт за енергетика Димитар Хаџи Мишев.

Македонија до сега има вложено над 100 милиони евра на преносната мрежа за гас. Инвестицијата е почната во времето кога ова денес не беше така драматично. ВО наредниот период гасот како енергенс нема да биде погоден за домаќинствата, а тоа е еден од најголемите потрошувачи секаде во светот. Сите оние кои живеат во индивидуални куќи можат своите потреби за енергија многу добро да ги решат со обновливите извори. Тоа ќе биде и поефтина варијанта и веќе во државава сите нормативни акти се активни и така најголемиот дел од примената на гасот излегува од игра, рече за Утрински брифинг Хаџи Мишев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 6 =