Ѓорчев: Завршува тешка година, следува година на промени

You must need to login..!

Опис

– Кога некој во ова време ќе каже дека Македонија блеска, дека е сјајна ѕвезда, заслужува и еден „скопски“ одговор од типот „на какви печурки си“ и „нека смали на доживљај“, изјави за утрински Брифинг пратеникот Влатко Ѓорчев, околу обвинувањата за недолична комуникација преку собраниската говорница.

Според Ѓорчев, завршува тешка година, со газење на демократијата, и следува година на промени.

– Зад нас е тешка година и за три месеци очекуваме промени. Во парламентот имавме тешка година, затоа што се случија процеси кои беа надвор од сите демократски текови, како носење на пратеници директно од притвор да гласаат. Вакво газење на демократијата никогаш не се случило, изјави во Утрински брифинг Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seventeen − 13 =