Филипче за УБ: Решивме огромни проблеми кои беа долго време натрупани – се намалува медицинскиот кадар кој ја напушта земјава

You must need to login..!

Опис

– Направен е сериозен исчекор напред. Решени се историски натрупувани проблеми. Направена е инвестиција онаму каде што и навистина требаше.

Венко Филипче, министер за здравство за Утрински брифинг

Со зголемување на платите и за прв пат плаќањето на младите лекари е направен огромен чекор. Ова е битна работа која е поврзана со одливот на медицинскиот кадар.

Венко Филипче

Околу обвинувањата дека се намалуваат дежурствата во здравствениот сектор Филипче изјави дека со зголемувањето на основните плати, дежурствата морало процентуално да се намалат за да останат исти.

Инаку, вкупната сума на пари значајно се зголемува.

Филипче најави и нови лекови во аптеките.

На граѓаните ќе им се овозможат нови лекови кои досега ги немало во аптеките.

Околу последните случувања и барања на администрацијата која работи во Јавното здравство, за Утрински брифинг министерот изјави дека проблемот е ставен на маса и доколку може да се најде решение тоа и ќе се случи.

– Администрацијата која работи во Јавно здравство имаше два пати зголемување на платата. Со министерството за информатичко општество работиме на одделување на оваа администрација од другата. Сакаме да ги отвориме сите прашања за да видиме дали може да одговориме.

Прашан дали очекува да остане на чело на министерството и по изборите, министерот рече дека е задоволен од довербата која ја има.

Од министерот Филипче побаравме да биде и самокритичен и да го истакне проблемот кој не успеал да го реши во изминатава година.

Тој проблем, според министерот, е хаосот на паркингот на клинички за кој најави решение за следната година. Филипче најави изградба на катна гаража во кругот на клинички.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

7 − 2 =