ENGAGE- Kонференција за социјален активизам

You must need to login..!

Опис

На 22 февруари 2020 година со почеток во 12:00 часот, во МКЦ- Скопје, домашни и странски активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, социјална промена, дигитална демократија, слобода на говор, животна средина, технологија, правата на ЛГБТИ заедницата, иднината на образованието и медиуми, изјави за Утрински брифинг Ивона Кузмановска од МОФ.

Преку ENGAGE, како што изјави Кузмановска, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн, така и во физичкиот простор.

Со 15 говорници, ENGAGE ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

ПРОГРАМА

Говорници на ENGAGE Main Stage (Кино Фросина):

– Alina Aflecailor, Greenpeace, activist and human rights educator / Empowering the next generation of environmental activists.

– Sara Mardini, human rights activist / Ending up on trial for saving lives – the story of the trained rescuer Sara Mardini.

– Katarzyna Pruszkiewicz, journalist / Infiltrating in a troll farm as an undercover reporter, the experience and the goal.

– Michał Woźniak, hacker and activist / Technology and the future of democracy.

– Dan Lahav, IBM computer scientist and debater/ If a machine can do it, so can a politician – how creating a debating machine can influence the improvement of the public discourse.

– Антонио Михајлов, Skopje PRIDE / Првиот прајд во Скопје – Солидарност, еднаквост, слобода.

– Горан Кунгуловски, доктор и био-инженер / CRISPR технологија: каде сме сега и во кој правец се движиме.

– Бесиан Мехмети, архитект / Училишта од иднината: Нови можности за подобро образование.

– Кирил Пржо Арсовски, биолог и еколог / Каде има чад, таму има климатски промени – шумските пожари и животната средина.

– Калиа Димитрова и Ена Бендевска, Медуза / Приказната на Медуза: Заземање на јавниот простор кој ни е потребен.

Говорници на ENGAGE Youth (Горно фоаје на МКЦ):

– Тимот Андромета, креатори на апликацијата SpeakOut / Како тимот Андромета ја погоди метата во центар со креирање на SpeakOut апликацијата.

– Сашо Јандрески, средношколец кој измисли уникатен медицински шприц / Од волонтирање во болница до создавање на револуционерна медицинска иновација.

– Rita Behadini, activist / Rita’s journey: How one girl put a smile on the faces of 145 students?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + twelve =