Дувњак за УБ: Судството е колатерална штета на политиката

You must need to login..!

Опис

Ја изгубија ли судиите трката со времето во бидот да пресудат и да донесат што повеќе пресуди особено каде што СЈО е од другата страна на обвинителството.

„Судството ја имаа таа лоша судбина да сакајќи во еден период да им излезе во пресрет на сите барања на бранителите на обвинетите, некако избрзаа и не се пресметаа со она што може да им се случи. Од една страна разбирлива е желбата на бранителите по секоја цена да ги одложат судските процеси за да дојде до застарување, имам чувство дека добар дел од судиите беа мошне комотни.

Кога го нема тоа чувство и потреба судскиот процес да добие една динамика и еден ритам, се случува она што сега се случува – од 18 судски процеси, само три да се ефективни и завршени, што само по себе и не е гаранција, имајќи предвид дека дел од тие случаи Апелација ги враќа од почеток.

Моја проценка е дека судството е колатерална штета на политиката. Желбата на политиката да го контролира судството, како и медиумите е огромно и се уште постои. За жал ниту во судскиот совети, ниту во судските институции, на врвот не се најдобрите судии со интегритет и капацитет кои што можат да и кажат не на политиката“, истакна во Утрински брифинг новинарката Гордана Дувњак.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − 8 =