„Covidmembrance“ – мемории од пандемијата за промените кај луѓето

You must need to login..!

Опис

Со цел да се остави меморија во однос на борбата против светска пандемија, тим од неколку ентузијасти, новинари и дигитални уметници, работат на мултимедијален проект наречен „Covidmembrance“. Се работи за пет 12-минутни документарни филмови кои ги разработуваат социо-економските и психолошките промени кај луѓето низ експертска анализа и лични сведоштва.

Истите ќе се најдат на виртуелниот музеј „Covidmembrance“ кој има за цел да остави траен запис за првичната борба со непознатиот вирус но и прилагодувањето на истиот.

Работните наслови на епизодите се на англиски јазик (New Image, Fearing other, From Doubters to Believers, Covidless и The Next day), додека содржината се базира на експертизи од академски професори, стручни медицински лица и лични искуства на луѓето.

Пристапот во монтажата на петте 12-минутни документарни филмови користи документаристички стил во кои се врежани дигитално-уметнички слоеви. Проектот е во продукција на дигиталните уметници Вероника Камчевска и Дарко Комненовиќ, во координација на Бојан Коцевски и новинарот Влатко Чаловски.

Премиерата на „Covidmembrance“ е закажана за 15.септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen + 7 =