Арсова за УБ: Го засакав студот и се вљубив во Антартикот

You must need to login..!

Опис

Илина Арсова на 28 декември го искачи врвот Винсон на 4892 метри на Антарктикот во рамки на проектот на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови.

– Го засакав студот и се вљубив во Антартикот. Искачувањето траеше десетина дена.

– За разлика од другите места, овде немавме шерпаси, туку сами ги носевме работите за овој планински врв. Предизвикот седум врвови на седум континенти е предизвик поставен во осумдесетите години. За мене врвот Винсон беше оставен за последен од финансиски причини, затоа што навистина е скапо да се стигне до таму. Поскапо и од Монт Еверест. Од технички аспект планината не е многу тешка, но не е планина за потценување затоа што човек може многу лесно да се здобие со смрзнатини. Морам да кажам дека таму е постојано ден, никогаш не се стемнува, изјави за Утрински брифинг алпинистката Илина Арсова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + nineteen =