Адеми за УБ: До мај чист колекторски систем кој нема да го загадува Охридското езеро

You must need to login..!

Опис

– После Баку до денес голем дел од препораките имаме реализирани. Прво што направивме е што го укинавме проектот за ски центар на Галичица. Некои траси променивме за да не се уништи природното богатство во тој дел од Охрид.

– Колекторскиот систем е многу битен. Пуштаме во утроба репариран систем. До мај треба да имаме чист колекторски систем кој нема да го загадува езерото. Железницата секако е дел од плановите за Охридскиот регион.

– Дивоградбите се само еден сегмент, можеби и најболен. Не сите од нив се проблематични. Се прави нивен регистер. После тоа експертите треба да направат проценка на влијанието на животната средина. На 1 февруари треба да ги информираме УНЕСКО за прогрес извештајот. јас очекувам констатација во имплементација на препораките. И они знаат дека не може дивоградбите да ги срушите преку ноќ. Но оние кои имаат влијание врз животната средина ќе мора да бидат отстранети“, “, изјави за Утрински брифинг мининстерот и претседател на Националната комисја за УНЕСКО, Едмонд Адеми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 3 =