Aндоновиќ: Историјата на импреријалниот ривалитет меѓу Париз и Лондон се повторува, во регионот пак, борба за доминација меѓу Белград и Загреб

You must need to login..!

Опис

Париз се уште не може да се помири со фактот дека зад грб, сојузниците Лондон и Вашингтон, формираа стратешкиот сојуз со Австралија и Велика Британија, што доведе до тоа Австралија да го раскине огромниот договор за набавка на подморници од Франција. Нарушувањето на односите на сојузниците е серизен удар врз понатамошната идна соработка, оценија францускуте полтичари. Освен на Бајден французите се лути и на нивниот историски имепријален ривал Велика Британија за која тврдат дека е главниот иницјатор за тргање на Франција од зоната на влијание бо индо- пацифичкиот регион. Особено што во овој дел на светот во минатите векови и Франција и Биртанија водеа војни за доминација и трговско влијание. Нарушувањето на односите на Париз со Лоднон и Вашингтон го загрижи и генералниот секретар на НАТО Столтенберг кој апелираше до овие три членки на НАТО да останат обединети и покрај несогласувањата. Столтенберг рече дека членките на НАТО не треба да дозволат спорот меѓу Франција и САД и Велика Британија да доведе до траен раскол. За разлика од Лидерите на Европската унија (ЕУ) кои ја поддржаа Франција во спорот околу одлуката на Австралија да се откаже од договорот со Французите за купување подморници и да потпише трилатерален азиско-пацифички безбедносен договор,генералниот секретар на НАТО, не поддржа ниедна страна, и го истакна единството околу главните цели на Алијансата.

Во обид да се надминат несогласувањата ,ш ефовите на француската и американската дипломатија можно е денеска да се сретнат на ГС на ОН во Њујорк, но засега не е планирана билатерална средба Жан-Ив Ле Дриан во понеделникот само кажа дека сигурно ќе наиде на американскиот државен секретар „во коридорите” на ОН. Од друга страна, првично закажаниот состанокот за денеска меѓу Ентони Блинкен и Жан-Ив Ле Дријан и нивните британски и германски колеги Лиз Трас и Хајко Маас, е откажан. Пред неколку дена, американскиот претседател Бајден побара телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон, кој возврати дека наскоро ќе разговара со него, но без да го прецизира времето.

Ривалитет и борба за доминација се забележува и на регионално ниво. Традиционалните и историски неосгласувања за тоа које посилен и побогат но и поуспешен, се возобновија на релација Загреб Белград. Тешки зборови и рпекувања додјоа од претседателите на дбете држави Милановиќ и Вучиќ кои разменија оценки и обвинувања на спортиставената адреса.. Се започна со изјавата на Вучиќ кој јавно с епофали дека Србија има поголем БДП по глава на жител од Хрватска и дека и покрај хрватското атрактивно крајбрежје, Србија економски ја претркала Хрватска. Загреб експресно возврати дека Вучиќ манипулира и дека нема да доживее да ја види Србија побогата од Хрватска.. Главната улога во овие надмудрувања ја презеде хрватскиот престедател Милановиќ кој изјави и дека Вучиќ е олицетвроение на граѓанската војна и распадот на СФРЈ во деведесетите, на што Вучиќ возврати дека Хрватскиот престедател е жалосна слика на Хрвасткиот народ кој сам си го избрал. Конфорнтираната реторика се префрли и на останите држави од поранешна СФРЈ, особено откако Милановиќ ијзави дека тој е претседател и на Хрватите кои живеат во Босна, идентично како што тоа Вучиќ подолго го тврди дека е лидер на сите Срби кои живеат во регионот. Ова случува во време кога тензиите во Црна гора се сеуште присутни , а на Косово состојбата се усложнува

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 7 =