Aндоновиќ: Геостратешките надмудрувања предизвикуваат енергетска криза во Европа

You must need to login..!

Опис

Во целиот свет владее паника поради порастот на цените на горивата откако цената за барел нафта надмина 80 долари, а рускиот претседател Владимир Путин најави дека скок на цената на црното злато до 100 долари за барел е сосема можен.

Зголемувањето на цената на нафтата на светските берзи се прелева и на европскиот пазар. Цените на природниот гас на континентот во изминатиот период драстично се зголемија поради малите резерви, намаленото снабдување од Русија, очекуваното заладување на времето и прекини во инфраструктурата. Ова последното пред се’ поради намерите на Русија гасоводот кој поминуваше низ украинска територија, поради актуелните политички случувања, да го пренасочи преку Турција, Балканот и Унгарија кон Европа, така заобиколувајќи неколку држави, кои сериозно ќе осетат финансиски импликации. Москва и Владимир Путин практично сакаат да и се одмаздат на Европа и САД поради неколку годишните санкции кои се воведени кон Русија поради обвинувањата за руското мешање во САД и светот, но и поради политиката кон Украина, Грузија и апсењето на лидерот на руската опозиција Алексеј Навални.

Сите овие отворени прашања ги отежнуваат односите на ривалските светски супер сили, што како и секогаш цената ја плаќаат обичните граѓани. Слична состојба со енергетска криза и ценовен шок имаше пред 15 тина години, но тогаш Москва, Вашингтон и Брисел успеаја да се договорат и да ги надминат несогласувањата.

Особен проблем сега е секако заминувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од функцијата. Се смета дека токму Германија и нејзините лични релации со рускиот претстедател Путин беа спасувачката опција за надминувањето на енергетската криза во Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two + 8 =