Петровска: Македонија стои во место околу унапредувањето на правата на ЛГБТИ+ заедница

You must need to login..!

Опис

ИЛГА-Европа ја објави Мапата на виножитото која укажува на тоа дека неколку земји кои беа водечки сили во унапредувањето на ЛГБТИ+ правата, годинава доживеаја пад од неколку места во рангирањето. Споредбено со извештајот и Мапата од претходната година, Македонија и оваа година се најде на 31 место (од 49). Ова се должи на неуспехот да се донесат промените во Законот за матична евиденција, како и Националниот акциски план за унапредување на правата на ЛГБТИ+ луѓето.

-Самиот збор толеранција значи нека некој нешто погрешно прави. Извештајот на ИЛГА Европа за 2021-та нашата земја бележи голем статус кво. Тоа според нас е големо назадување, со оглед на тоа што голем број на иницијативи, институциите не успеаја да ги донесат како закони, политики или мерки, а уште помалку да ги имплементираат, изјави во Утрински брифинг Елена Петровска од коалиција „Маргини“.

-Извештајот е обемен, но краток и јасно дава препораки што институциите понатаму како приоритети треба да направат, додава Петровска.

Според Петровска ова е извештај кој што им дава рамка за работа на институциите, а не извештај кој што е општ или насочен кон промена на размислувањето на јавноста.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

nine − 3 =