Дигитализацијата како современ метод во судските постапки, разговор со Андреј Божиновски

You must need to login..!

Опис

Ефикасноста на судството зависи од поврзаноста и дигитализацијата пред се како и интероперабилноста помеѓу останите органи на прогонот и секако новинарите. Ефикасно судство значи пристап до секој граѓанин и правен практичар и теоретичар до судскиот систем. Преку дигитализацијата се зголемува пристапот до правдата, изјави за Утрински брифинг м-р Андреј Божиновски, правен експерт.

Ќе излезе прирачник за спроведување на судење од далечина кој е во авторство на неколку судии меѓу кои и претседателот на Основниот суд во Штип и јас како правен соработник. Тој прирачник ќе биде преведен на македонски јазик, вели Божиновски.

Хрватите соочувајќи се со истите проблеми со кои ние се соочуваме направија два паралени системи е -предмет и е-спис. Тие платформи овозможуваат поврзување на судовите, интероперабвилност со сите чинители на казнено-правниот процес. Тука хрватите воведоа можност секој граѓанин може да пребарува на соодветна страна да го пребарува списот каде што се изложени сите факти во однос на предметот што е добро и за новинарите и за јавност и за самите судии, вели Божиновски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =