Јовановски: Го губиме чекорот во однос на реструктуирањето, нема заживување на економијата без капитални инвестиции

You must need to login..!

Опис

Традиционално кај нас податоците за БДП се објавуваат со големо задоцнување. Поинакво е со индустриското производство – се уште нема податок за март месец, но за првите два месеци индустрикското прозодство беше помало за речиси 13% проценти во однос на 2020, што значи дека неповолните движења продолжуваат и оваа година, бидејќи треба да имаме предвид дека панедмијата почна лани во март месец, изјави во Утрински брифинг Мирче Јовановски, новинар, економски аналитичар.

Кина е специфичен случај и јас не верувам дека било кој од економистите може да даде точна анализа како е можно земјата од каде што почна пандемијата, остварува толку импресивни стапки на економски раст – незабележани во светската економија. За нас е побитно што се случува во Европа, особено во Германија, каде што најголем дел од извозот пласираме. Сведоци сме таму дека состојбите со лок даун продолжуваат. Очекувањата за нашата економија повеќе се врзани што се случува таму. Да дополнам за индустриското производство. Кај рударството има пад од 28,9%, преработувачката индустрија 11,2%, елекричната енергија 2,2%, значи не е изолирано на една индустрикса гранка. Значи индустриското производство се соочува со големи проблеми оваа година, вели Јовановски.

Од она што го знам и го слушам од медиумите, малите фирми не се задоволни од некои условувања кои што Владата ги поставува во однос на користењето на мерките. Па така јас не се согласувам во целост со ставот на дел од туристичко-угостителската комора. Јас не познавам држава каде што владата нешто дава без да очекува некакви резултати. Во однос на ограниченит еможности кои ги има државата во давање помош кон стопанство, со оглед дека јавниот долг е над 60% од БДП, условувањата на помошта со одредени елементи според мене е оправдано, особено што сега се дава можност дел од таа помош да се претвори во грант, ако се исполнат одредени услови, смета Јовановски.

Мислам дека го губиме чекорот во однос на реструктуирање на економија. Она што до сега се презема со досегашните пакети на економски мерки е повеќе гасење на пожар отколку што гледам некои структурни реформи.

Капиталните инвестиции се болна точка. Нема заживување на економијата без капиталните инвестиции, особено што ако тие срредства се резервирани и предвидени во буџетото. Преку ни в се гледа целокупниот капацитет на државата. Вчера беше промовирана инвестиција, што е добра вест, вели Јовановски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 − 15 =