18 Март- светски ден на рециклирањето: До крај на 2021 ќе се постават вендинг машини

You must need to login..!

Опис

На светскиот дена на рециклирањето со Ико Брдаровски од „Пакомак“ ја отвораме темата за поставувањето на вендинг машини за селекција на отпад и поврат на средства кај граѓаните.

– Уште пред две години во акциониот план на „Пакомак“ беше планирано развој на вендинг машина за собирање на пластика, односно алуминиумски отпад и лименки. Склучивме договор со фондот за иновации и во моментов работиме на развој на таква машина. Проектот завршува во јули оваа година, така што очекувањата се дека до крајот на годината ќе почнеме со поставување на вендинг машините. Нив ќе можат да ги користат сите, нема да има никакви ограничувања. Бидејќи се работи за голема инвестиција, и не можеме да поставиме машини насекаде истовремено, најпрво ќе започнеме да ги поставуваме машините во Скопје, а потоа и во другите градови. Сметам дека за 4-5 години ќе имаме солидна покриеност по градови со вендинг машини, бидејќи тие ќе бидат клучот во исполнување на националните цели кои се високи, а нас ни ги поставува Европската Унија, објаснува Брдаровски.

Граѓаните кои ќе ги користат тие машини ќе имаат одредени придобивки. Со секоја употреба на машината ќе собираат зелени поени кои ќе можат да ги трошат во маркетите или со нив ќе добијат попуст на одредена комунална услуга.

-Од 2011 година откако активно работи Пакомак интензино работиме на подобрување на условите за рециклирање како и на едукација на населението во однос на селектирањето на амбалажниот отпад. На секои две години правиме и истражувања, за да знаеме дали се движиме во вистинска насока и од податоците кои ги добиваме можеме да кажеме дека луѓето се свесни за придобивките од рециклирањето. Потребно е само да се создадат услови за да можат да рециклираат, а за тоа треба да се вклучат повеќе чинители во државата, треба доследно да се почитуваат законите кои се во функција и да се реши проблемот со неформалните собирачи на отпад. Темата е комплексна но се надевам дека еден ден ќе биде приоритет на оние кои се на раководни функции, вели Брдаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fifteen − one =