Милевски: Владата подготвува концепт за санирање на новите долгови кон општините

You must need to login..!

Опис

Општините во континуитет ги зголемуваат долговите, но тоа не е случај секаде. Има градоначалници кои домаќински менаџираат со буџетите. Пример е градоначалникот на Неготино. По враќањето на средствата – 50% од долговите, тој во неговиот мандат успеа да врати долгови во вредност од два буџети и сега да е во позитива. Значи сето тоа зависи од карактерот и способноста на менаџирање на градоначалникот.

Мислам дека проблемот со долговите треба системски да се реши. Не треба да зависиме од желбата и карактерот на градоначалникот туку мораме системски да ги ограничиме, да не можат да влегуваат во нови задлжувања. Тоа Тевдовски го направи кога ги ограничи буџетите, сега ова е втор пат кога измената на Законот се наоѓа на дневен ред во Собранието. Владата се одлучи на 50% да се ограничат можностите за задолжувања. Она што е важно е да се ограничат несуштинските трошења, да се ограничи бројот на вработувања во ЈП, и да одат за инвцестиции. Втората битна работа е кога ќе се ограничат нивните несуштински трошења, да се зголеми буџетот за капитални инвестиции, а тоа ќе се направи со зголемувањето на зафаќањата од ДДВ, од персоналниот данок, од данокот на имот, изјави во Утрински брифинг, минситерот за локална самоуправа, Горан Милевски.

Помалите општини едвај ги покриваат трошоците за плата. Таму не можеме да дискутираме за инвестициски циклус ако Владата не креира политики за поддршка за финансирање на проектите. Кога дискутираме со меѓународната заедница, тие гледаат јасна порака од министерот за финансии дека има желба и приорите му е фискалната децентрализација. Оние кои што го следат процесот поврзан со фискалната децентрализација за прв пат се гледа желба и волја кај министерот за финансии да се откаже на дел од своите приходи и да ги трансферира кај општините, вели Милевски.

Милевски во гостувањето истакна и дека не се размислува за излегување од владата на Заев, и дека тоа воопшто не е на дневен ред во партијата.

Не го разбирам барањето за предвремени парламентарни, заедно со локалните избори, истакна Милевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

sixteen − twelve =