Иванова: Македонија да ја најде и искористи својата компаративна предност во однос на државите во регионот

You must need to login..!

Опис

Во изминативе неколку години работам на полето на поддршка на зелени бизниси, на регионално ниво. Особено на идеи кои потекнуваат од млади луѓе кои немаат финасиска поддршка од други извори, изјави во Утрински брифинг аналитичарката и програмски менаџер на проектот Балканска зелена фондација Антоанета Иванова.

Она што го воочивме е индексот на претприемништво каде Македонија е еден од најголемите губитници на табелата, со цели 19 места пад. Би рекла дека сите состојби влијаат во сите сегменти. Ние не можеме да го издвоиме претпиемништвото како засебен сегмент, надвор од состојбите за кои разговараме, но морам да се насочам на она на кое што минатите години работам – да помагаме млади луѓе да започнат бизнис и она кое што генерално го воочуваме е немањето клима за овозможување на создавање и креирање нови бизниси, претприемачки дух, развој на идеи , финасиска поддрка итн… Јас ги следам состојбите во регионот и она што можам да го констатирам е дека Македонија како да не успеа да си ја најде својата компаративна предност во однос на државите во регионот по која што ќе биде препознатлива во делот на претприемништвото и поддршката на овие бизниси. Гледаме иницијативи, развиваме и нови идеи, како поддршката на дигитални Номади, со тоа што веќе гледаме иницијативи кои се создаваат, но додека не го видиме светлото на денот за овие идеи нормално е дека не може да ги коментираме, но да се надеваме дека ќе донесат нешто ново, изјави Иванова.

Во изминативе неколку години она што го гледаме како Фондација е дека секоја од државите има некоја компаративна предност. Косово има млада нација и им носи состојба каде младите се многу спремни да ризикуваат. Во Косово има тренд на враќање на младите во земјата и таму да помогнат на државата. Албанија има многу јака дијаспора која енормно инвестира. Србија има голем пазар, одлично образование, каде ние многу доцниме. Со години образованието е на дното на ранг листите, вели Иванова.

Јас сметам дека она кај нас што недостига е континуитетот. Ги започнуваме работите, создаваме иницијативи но не им даваме долг живот. Го создаваме Фондот за иновации, но развојот на различни видови на програми и поддршка не се иницираа. Сега гледам некои обиди кои верувам дека ќе се насочат на таа проблематика. ИТ индистријата почна да фаќа чекор, пруќаме сервисни услуги на компании надвор од државата и тоа можеби е нешто за кое што треба д аасе размислува, односно да нудиме услуги за поголеми компании, додаде Иванова

Целиот разговор со Антоанета Иванова погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eighteen + 4 =