Улогата на исхраната, внесувањето на витамини и причините за падот на новоинфицирани со Ковид-19 – разговор со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

Бројките кај нас паѓаат заради две причини. Првата е дека имаме значителен дел од популацијата кој бил зарзен, прележал и создал имунитет. Ако одиме според литературата, односно епидемиологијата, она што го имаме како бројка на заразени е десет до дваесет пати поголем. Ако земате предвид дека одреден период имавме и 30% позитивни од тестираните, тоа значи дека сме поблиску до 20-те проценти.

Во тој случај имаме преку 50% од населението кое што го има поминато вирусот. Значи природно е сега да сме во фаза кога врвот е поминат и одиме надолу. И секако втората работа се мерките кои се донесоа. Дадоа придонес и мислам дека сега побавно и побавно ќе оди заразувањето на дел од населението, кое ќе има шанса да се вакцинира, изјави во Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Убава работа, но и хендикеп на медицината е што година во година толку брзо оди напред што дури и ако сте медицинар, може да се најдете во ситуација кога знаењето ќе ви биде застарено. Таков пример и за Витаминот Д. Јас на пример учев дека е битен за коските. Сега ќе видите како тој направи страшен прогрес – од централната улога коски – сега неговата централна улога е имунитет и го носи името имуномодулатор.

Целиот разговор со Д-р Александар Митов погледнете го во видето

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen + 9 =