„Разбистри сé“ – да се покренат прашањата за управувањето со природните ресурси и инспекцискиот надзор

You must need to login..!

Опис

Институтот за комуникациски студии ја промовираше кампањата „Разбистри се“ која ќе се фокусира на два специфични проблеми, управување со водни ресурси и инспекциски надзор против прекумерното искористување на природните ресурси. Во Северна Македонија недостасува легислатива за заштита на водните ресурси, но и сериозен инспекциски надзор сметаат експертите. Свеста кај граѓаните не е на доволно високо ниво за тоа како да се користи и заштити водата како најважен ресурс.

Гостин во Утрински брифинг беше Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии (ИКС).

Вчера ја озваничивме кампањата „Разбистри се“. Целта ни е да ја подигнеме јавната свест за прашањата за кои досега во мејнстрим медиумите за жал не е доволно зборено. Исто така сака да направиме и притисок за промена на јавните политики, институциите во носењето на одлуки од оваа област да ги вклучат и граѓанските организации, вели Андонов.

-За потребите на кампањата направивме студии за јавни политики каде прецизно се евидентираат проблемите кои се тековни, заслужуваат итно внимание, но и понудивме решенија и конкретни препораки кои институции што треба да направат, како и финасиските импликации, односно 1 милион евра, што е сосема изводливо за буџет како што има Северна Македонија, изјави Андонов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

6 + 18 =