📞 Ампева: Институциите да престанат да си ја префрлаат топката и да почнат да си ја вршат работата

You must need to login..!

Опис

Бројката на заразени во текстилната индустрија од КОВИД-19 е иста. Како што кажа и градоначалникот ова можеби е трет бран во Штип. Одговорноста не е само кај работодавачите. Имате институции во државата кои што се платени од сите нас и кои треба да внимаваат доколку некој не се придржува до мерките и препораките, изјави во Утрински брифинг Кристина Ампева од „Гласен текстилец“.

-Од друга страна ние имаме работодавачи кои се научија да не вложуваат во механизација и автоматизација на производството. Сега се жалат како нема нарачки и слично. Ние и претходно предупредувавме за можните проблеми кои би настанале од КОВИД-19, вели Ампева која вели дека има и работодавачи кои немаат никаков проблем бидејќи со години платите биле шест, седум осум илјади денари.

-Не верувам дека до сега не направиле залихи за да неможат да исплатат плати. Јас сметам дека немаат идеја и само се бараат финансии а никој не ги прашува работниците колку им е на нив тешко, вели Ампева.

Целиот разговор со Ампева во која таа говори за проблемите со кој што се соочуваат текстилните работници погледнете во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + seven =